Oфицијално: Роберто Манчини има нов клуб!

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот селектор на Италија и Саудиска Арабија, Роберто Манчини, ја продолжува својата тренерска епизода на Блискиот Исток. Искусниот италијански стратег официјално потпиша договор на две и пол години со катарскиот шампион Ал Сад од Доха.

Манчини беше без ангажман откако го напушти селекторското место на Саудиска Арабија, а сега се враќа на клупскиот фудбал. Во својата богата кариера тој двапати го предводеше Интер, а седеше и на клупите на Фиорентина, Лацио, Манчестер Сити, Галатасарај и Зенит. Најголемиот успех го запиша со италијанската репрезентација во 2021 година, кога на легендарниот „Вембли“ ја совлада Англија и ја донесе титулата европски шампион.

Новата авантура во Катар доаѓа во клуб со богата традиција, Ал Сад е најтрофејниот тим во земјата со 18 шампионски титули, меѓу кои и двете последни во континуитет.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×