Официјално: Ранокија потпиша за Хал

by
0 минути читање

Хал донесе значајно засилување во дефанзивата пред истекот на јануарскиот преоден рок.

28-годишниот дефанзивец на Интер, Андреа Ранокија ќе игра за англискиот клуб на позајмица до крајот на сезоната.

Ранокија ќе го носи дресот со број 13 и ќе може да настапи уште на утрешниот дуел од Премиерлигата против Манчестер јунајтед.

Ранокија не беше во плановите за стартниот тим на Интер, имаше само пет настапи оваа сезона. А во втората половина од минатата сезона беше на позајмица во Сампдорија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани