792
Клубовите во Премиер лигата ги договориле датумите за трансфер пазарот претстојното лето и официјално е одлучено да има два преодни рока.
Првиот преоден рок ќе биде отворен само десет дена и тоа од 1 до 10 јуни. Вториот преоден рок ќе се отвори од 16 јуни и ќе важи како и вообичаено до 1 септември.
Медиумите на Островот пишуваа и дека одредени клубови побарале вториот преоден рок да биде затворен пред почетокот на сезоната, но на крајот таква одлука не се донела.
— Williams ©️ (@CFCNewsReport) March 27, 2025
BREAKING: Premier League will have two transfer windows this summer from June 1-10 and June 16-September 1. #CFC pic.twitter.com/XFwe2IDWJS