309
Македонскиот прволигаш Пелистер денеска за нов тренер го назначи Димитар Капинковски.
Капинковски, кој моментно ја води и младинската репрезентација до 17 години, повторно ќе го преземе кормилото на битолскиот тим со цел да помогне во реализацијата на амбициите за претстојната сезона.
Добро познат на пелистерската публика, Капинковски беше дел од стручниот штаб како помошник, а потоа и како шеф на стручниот штаб во периодот од 2020 до 2022 година. По заминувањето од Битола, своето тренерско искуство го надградуваше во редовите на Победа и грузиски Самтредија.
Пелистер минатата сезона ја заврши на шестата позиција во Првата лига, освојувајќи 39 бодови.