427
Албанија со Кристијан Панучи на кормилото ќе и гостува на Македонија во квалификацискиот меч за Светското првенство во Русија.
Албанија денеска и официјално соопшти дека Панучи ја презема селекторската палка.
Поранешниот италијански фудбалер кој се пензионираше во 2010, не импресионираше во неговите почетоци од тренерската работа.
Две години му беше асистент на Фабио Капело во репрезентацијата на Русија, а како самостоен тренер ги водеше Ливорно на два пати и еднаш Тернана, но секогаш добиваше отказ.
И покрај тоа, Албанија реши токму Панучи да им биде нов селектор.