Нејмар и официјално се раздели со Ал Хилал и е слободен да се врати во матичниот Сантос.
Сагата која траеше некое време доби епилог, клубот од Саудиска Арабија преку официјално соопштение потврди дека договорот со Бразилецот е взаемно раскинат.
„Ал Хилал и Нејмар Јр. се договорија за взаемно раскинување на договорот. Клубот сака да му се заблагодари на Нејмар за постигнатото додека беше наш член и му посакуваме успех во кариерата“, напишаа од клубот.
Нејмар немаше среќа по доаѓањето во Ал Хилал бидејќи доживеа тешка повреда, па долго паузираше. За клубот одигра само неколку натпревари, а сега заминува и ќе се врати во Бразил.
Сè е подготвено за враќањето на Нејмар во родната земја и за потпис со матичниот клуб Сантос.