Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар официјално потпиша нов договор со Сантос, со што ја продолжи соработката со клубот до крајот на 2026 година. Ова ќе биде втора сезона по ред за напаѓачот во клубот каде што ја започна својата блескава кариера, откако се врати од Ал Хилал.
И покрај бројните проблеми со повреди, кои неодамна резултираа и со хируршка интервенција, Нејмар успеа да даде значаен придонес во борбата на Сантос за опстанок во елитното бразилско првенство.
По операцијата, Нејмар има јасна цел. Да му се наметне на селекторот Карло Анчелоти и да се избори за место во репрезентацијата на Бразил за Светското првенство кое ќе се одржи во Северна Америка.
Сепак, за да ја оствари таа амбиција, Нејмар ќе мора во текот на пролетта да влезе во барем минимален натпреварувачки ритам и да покаже дека може повторно да биде корисен, дури и ако неговата улога во тимот на „кариоките“ биде ограничена.