226
Eкипата на Наполи го потврди ангажманот н Ноа Ланг од ПСВ.
Ланг пристигна од ПСВ во трансфер вреен 25 милиони евра и плус три кои ќе бидат исплатени пеку бонуси. Холандскиот интернационалец допатува во Италија во понеделеникот каде што ги помина леркарските прегледи во Рим.
Откако беше потврдено дека се е во најдобар ред потпиша договор на пет години. ПСВ освен споменатата сума обезбеди и 10% од потенцијалниот нареден трансфер на Ланг.
Зад себе Ланг има 14 настапи за холандската репрезентација во кои постигна три гола и подели две асистенции.