Милан продолжува да се засилува, денеска го комплетира и шестото засилување за престојната сезона.
„Милан може да соопшти дека потпиша со Хакан Чалханоглу од Баер Леверкузен. Фудбалерот стави потпис на четири годишен договор до 2021“ – се вели во соопштението на клубот.
Турскиот фудбалер е среќен што ќе го носи дресот на Милан.
„Прв пат сум во Италија, многу е убаво. Музејот е многу големи со некои големи играчи, многу сум среќен што сум тука. Ја знаеме историјата на Милан и се надевам дека повторно ќе можеме да го правиме тоа“ – вели Чалханоглу.
„Сакам да им се заблагодарам на фановите, ве сакам момци, ви благодарам многу. Ова е голема можност за мене. Многу ми е важно да ја имам поддршката од дановите, гледам дека тие ме сакаат, сакам да го дадам најдоброто од мене за клубот и за луѓето тука“.
Милан за овој трансфер плати 20 милиони евра плус бонуси.
Чалханоглу е шестото засилување, пред него потпишаа Матео Мусакио, Фанк Кеси, Рикардо Родригез, Андре Силва и Фабио Борини.