95
Понеделникот не започна добро за Монтела, Милан утринава соопшти дека му врачува отказ.
„Милан информира дека г-дин Винченцо Монтела не е повеќе тренер на првиот тим. Му благодариме на Монтела за работата која ја вршеше со стручниот штаб, за посветеноста, сериозноста и професионалното однесување. Тимот ќе го води Џенаро Гатузо, кој ја напушта функцијата тренер на младинскиот тим. Милан му посакува добра работа“, стои во соопштението на клубот.
Милан во соопштението нема нагласено дали Гатузо ќе биде само привремен тренер на тимот или ќе му биде дадена шанса на подолг рок.