Официјално: Милан купи напаѓач од Партизан!

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Партизан постигна договор за трансфер на младиот 19-годишен црногорски напаѓач Андреј Костиќ во италијанскиот гигант Милан. Овој трансфер со денови е една од главните теми во таборот на „црно-белите“, а сега конечно се познати и сите детали.

„ФК Партизан постигна договор со Милан околу трансферот на талентираниот напаѓач Андреј Костиќ. Според договореното, вкупната вредност на трансферот може да достигне до 8 милиони евра. Клубот веднаш ќе инкасира 3,5 милиони евра, додека дополнителни 4,5 милиони се предвидени преку бонуси. Исто така, на Партизан му следуваат и 10% од следната продажба на играчот.

Андреј Костиќ ќе остане во Партизан до јуни, што значи дека стручниот штаб ќе може да смета на него до крајот на актуелната сезона“, стои во објавата на клубот.

Костиќ оваа сезона одигра 27 натпревари во српското првенство и постигна 10 голови. Претходно настапуваше за Будуќност Подгорица, а веќе дебитираше и за репрезентацијата на Црна Гора.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×