670
Милан за 16 милиони евра плус бонуси го купи Исмаел Бенасер од Емполи.
21-годишниот Алжирец стави потпис на петгодишен договор со плата од 1,5 милиони евра по сезона.
Бенасер беше прогласен за играч на Африканскиот куп на Нации, но уште претходно имаше вербален договор со Милан. Иако после турнирот имаше понуди и од други екипи, особено од Премиерлигата, тој си го одржа зборот и стана росонер.