Официјално: Мбуемо потпиша за клубот од неговите соништа!

by riste
1 минути читање

Манчестер јунајтед го комплетираше трансферот на напаѓачот Брајан Мбуемо кој на Олд Трафорд пристигна од Брентфорд.

Црвените ѓаволи денеска го потврдија ангажманот на Брајан Мбуемо.

„Манчестер јунајтед со задоволство може да потврди дека Брајан Мбуемо му се приклучи на клубот. Камерунецот потпиша договор до јуни 2030 година, со опција за продолжување за уште една сезона“, стои во соопштението на Манчестер јунајтед.

Фудбалерот вели дека Јунајтед е клубот од неговите соништа.

„Откако дознав дека има шанса да се приклучам на Манчестер јунајтед, требаше да ја искористам таа можност да потпишам за клубот од моите соништа. Ова е тимот чиј дрес го носев додека растев“, вели Мбуемо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×