Официјално: Мбапе во ПСЖ на позајмица за да се избегнат ФФП правилата

by
1 минути читање

По трансферот на Нејмар, ПСЖ приреди уште една бомба, Килијан Мбапе пристигнува на Паркот на Принцовите за 180 милиони евра.

Талентираниот Французин ова лето се поврзуваше со Реал Мадрид, но „Светците“ беа тие кои доставија финансиски пакет кој ги задоволи и Монако и самиот играч.

Трансферот официјално е на позајмица со цел да се заобиколат правилата за Финансиски фер плеј на УЕФА, ПСЖ следното лето во целост ќе треба да го откупи Килијам Мбапе.

„ПСЖ е многу задоволен што може да соопшти дека го ангажираше Килијан Мбапе. Играчот пристигнува на позајмица од Монако до 30. јуни 2018. ПСЖ има опција во целост да го откупи играчот, и откако ќе го искористи ова право, Килијан Мбапе ќе биде обврзан до 30. јуни 2022“ – гласеше известувањето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани