916
Доскорешниот напаѓач на Работнички, Атдхе Мазари ќе ја продолжи кариерата во Хрватската прва лига.
23-годишникот потпиша со тамошниот прволигаш Вараждин и беше официјално промовиран во новиот клуб. Мазари сезонава на 18 натпревари постигна осум гола за Работнички, па со тоа се препорача за трансферот.
Засега не е познато дали Вараждин ќе му исплати обештетување на клубот од Скопје. Во кариерата Мазари освен за Работнички настапуваше за Победа, Охрид, Струга и Шкендија.
Во Вараждин Атдхе Мазари ќе ја дели соблекувалната со Димитар Митровски, Марио Младеновски и Ване Јованов.