Фудбалската федерација на Македонија го доби новиот претседател, откако Масар Омерагиќ беше едногласно изгласан за оваа функција.
На Изборното собрание на ФФМ без противкандидати Омерагиќ со акламација беше изгласан за нов претседател. Со 62 гласа „ЗА“, без против или воздржани тој го добива мандатот и ќе го наследи Муамед Сејдини.
„Јас сум еден од вас, човек од фудбалот, знам во која насока треба да го развиваме фудбалот во Македонија. Ова е тимска работа исто како и фудбалот. Треба многу трчање, многу пот за да се постигнат целите“, изјави Омерагиќ од говорницата.
Мандатот на Омерагиќ започнува веднаш, тој веќе од утре ќе стартува со работа, а најави враќање на легендите на мак-фудбалот во федерацијата.
Масар Омерагиќ ќе биде седмиот претседател на Фудбалската федерација на Македонија.