Манчестер Јунајтед го промовира едно од најголемите засилувања ова лето, а тоа секако е Бенџамин Шешко.
Словенечкиот напаѓач пристигна на „Олд Трафорд“ за вкупна сума од 85 милиони евра, од кои 75 се фиксна отплата, а десетина се разни бонуси. Лајпциг немаше против продажбата на Шешко во Премиер лигата, а можеше да заработи нешто повеќе бидејќи Њукасл нудеше зделка вредна 90 милиони евра. Тука пресудна беше желбата на играчот, но и Германците прифатија помала сума за да го испочитуваат Словенецот.
Шешко со Јунајтед потпиша петгодишен договор кој важи до 2030 година. Манчестер Јунајтед ќе биде најголем предизвик во неговата досегашна кариера, бидејќи пред Лајпциг играше за Салцбург и Лиферинг во Австрија.
Претходно Манчестер Јунајтед за нападот ги доведе Матеус Куња и Брајан Мбеумо, па со целосно реновирана предна тројка ќе влезе во новата сезона.