Манчестер Јунајтед објави продолжување на договорот на Хари Мегваер. Искусниот дефанзивец кој беше во последните месеци од актуелниот договор, реши дека ќе остане на „Олд Трафорд“.
Мегваер и „црвените ѓаволи“ ја продолжија соработката на една сезона. Договорот е со важност до јуни 2027 година, но во него содржи опција за продолжување на уште една.
Дефанзивецот е член на Јунајтед од 2019 година. Мегваер досега за клубот одигра 266 натпревари, беше и капитен, а доста време и еден од најкритикуваните играчи на светот. Сепак, во последно време тој се консолидира и повеќе не е толку склон на киксови.
Во сениорската кариера Хари Мегваер играше за Шефилд Јунајтед, Хал Сити и Лестер.