84
Шпанија со шампионски амбиции отпатува на Мундијалот во Катар, но натпреварувањето го заврши во осминафиналето каде беше елиминирана од Мароко.
Како последица на неуспехот, Луис Енрике веќе не е селектор на Шпанија. Одлуката денеска ја потврди Шпанската фудбалска федерација.
Тој ќе му се врати на клупскиот фудбал, ќе чека понуда од некој клуб, а Шпанија наскоро ќе добие нов селектор.
Како прв кандидат за селекторската позиција во Шпанија сега се споменува Луис де ла Фуенте кој е селектор на шпанската репрезентација до 21 година.