155
Ливерпул потврди дека постигнале договор со Лајпциг за Кеита, но гледачите ќе го видат на Енфилд дури за една година.
„Ливерпул може да потврди дека постигна договор со Лајпциг за трансфер на Небу Кеита“ – се вели во соопштението на англискиот клуб.
Тие ќе ја платат откупната клаузула од 55 милиони евра која ќе биде активна следното лето, плус дополнителна сума.
„Среќен сум што е постигнат договор кој ми овозможува да му се приклучам на Ливерпул следното лето и да станам дел од тој возбудлив проект“ – вели Кеита.
„Откако се реши прашањето за мојата иднина сега комплетно можам да му се посветам на Лајпциг во остварување на целите за оваа сезона“.