Официјално: Лајпциг го откупи Симонс од ПСЖ и за двојно го урна клупскиот рекорд!

by riste
1 минути читање

Чави Симонс кој досега како позајмен настапуваше во Лајпциг, отсега е во сопственост на германскиот клуб кој го потврди трансферот од ПСЖ.

Лајпциг за откупот на Симонс плати неверојатни 81 милион евра со клучени бонуси. Фудбалерот потпиша договор до јуни 2027 година.

Оваа сума е клупски рекорд на Лајпциг и тоа за двојно. Претходно најмногу пари имаат дадено за Опенда, 40 милиони евра.

Симонс веќе има одиграно 60 натпревари за Лајпциг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани