154
Нани оваа сезона ќе настапува во Серија А, ќе го носи дресот на Лацио.
„Валенсија постигна договор со Лацио за позајмица на Нани на една сезона. Италијанскиот клуб ќе има опција да го купи фудбалерот по крајот на сезоната“ – стои во соопштението на Валенсија.
Трансферот го потврди и Лацио.
„Лацио може да соопшти дека потпиша со Нани од Валенсија, позајмица со опција за целосно купување“ – стои во соопштението на Лацио.