Веќе нема никакви
дилеми, официјално е потврдена преселбата на Франк Кеси во редовите на Милан.
Репрезентативецот на БСК во Милано пристигнува на двегодишна позајмица од редовите на
Аталанта.
Според договорот
помеѓу двата клуба, Милан има обврска во 2019 година целосно да го откупи Франк Кеси за фантастични 28 милиони евра, а Аталанта додатно ќе добие бонус од 2 милиони евра по 25 одиграни натпревари на фудбалерот со по повеќе од 45 минути на
теренот.
Новото засилување
за Милан во клубот ќе заработува два ипол милиони евра годишно, на дресот ќе го
носи бројот „19“.
#ACMilan signed @KessieFranck from @Atalanta_BC, on a two year loan with obligation to buy#weareacmilan pic.twitter.com/b9swANddxn
— AC Milan (@acmilan) June 2, 2017
Франк Кеси е второто засилување летово за „Росоњерите“, кои претходно го договорија Матео Мусакио.