185
Карло Анчелоти е нов тренер на Евертон, утринава клубот од Ливерпул го потврди ангажманот на Италијанецот.
Неговото деби на клупата на „карамелите“ ќе биде против Барнли на „Боксинг деј“.
„Евертон со задоволство може да потврди дека Карло Анчелоти е нов тренер на тимот“, стои во соопштението на клубот.
Анчелоти стави потпис на четири и пол годишен договор со Евертон кој трае до крајот на сезоната 2023/24.
За Анчелоти ова нема да биде деби во Премиерлигата, тој претходно беше тренер на Челси.
БетАдриа викенд типови: Наполи е осум натпревари без пораз против Сасуоло