19-годишниот фудбалер со македонско потекло, Дејан Кулушевски од денеска е член на Јувентус но сезоната ќе ја доигра како позајмен играч на Парма.
Јувентус транспарентно ги објави сите детали околу трансферот.
„Јувентус соопштува дека постигна договор со Аталанта за регистрација на правата за играчот Дејан Кулушевски, зделката изнесува 35 милиони евра кои ќе се исплаќаат во пет финансиски години. Сумата може да достигне максимум уште девет милиони евра плус во зависност од исполнување на бонусите во договорот“, стои во соопштението на Јувентус.
„Јувентус и фудбалерот потпишаа договор со трајност до 30 јуни 2024. Во исто време Јувентус постигна договор со Парма за позајмица до крајот на сезоната“.
Аталанта ќе направи огромен профит од Дејан Кулушевски, тие го купија фудбалерот за само 165.000 евра од ИФ Брома.