„Старата дама“ попладнево го официјализираше ангажманот на Микеле Ди Грегорио, најдобриот голман во Серија А од минатата сезона пристигнува на позајмица од Монца.
Пристигна потврда на зделката која се најавуваше со месеци, Јувентус доби нов голман во името на Микеле Ди Грегорио
Италијанецот пристигнува на позајмица за која „старата дама“ ќе плати 4,5 милиони евра, а ќе има и опција за додатни 13,5 милиони евра во целост да го купи играчот. Целата зделка може да порасне за дополнителни 2 милиони евра во бонуси.
Микеле Ди Грегорио е дете на Интер, но никогаш не доби права шанса во првиот тим на „нероаѕурите“.
Откако беше испратен на неколку позајмици, сериозно се наметна во Монца, а минатата сезона беше прогласен и за најдобар голман во Серија А.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.