275
Јувентус за сума од 15,3 милиони евра го купи голманот Војчех Шчесни од Арсенал.
Трансферот беше потврден на официјалниот сајт на клубот каде што се вели дека голманот потпишал четиригодишен договор.
Јувентус на Арсенал на две рати ќе му исплати сума од 12,2 милиони евра плус 3,1 милион евра во бонуси.
Полскиот голман добро ја познава Серија А откако изминатите две сезони беше позајмен на Рома.
Тој ќе биде наследник на Џиџи Буфон кој најави пензија по завршувањето на Светското првенство во Русија 2018.
Шчесни во Јувентус ќе зема плата од 3,5 милиони евра годишно.