Екипата на Јувентус, и официјално го назначи искусниот Демјан Комоли за нов генерален менаџер. Францускиот стратег, познат по својот аналитички пристап и визионерски методи, доаѓа во Торино откако неодамна ја заврши мисијата во Тулуз, каде ја имаше истата улога.
Комоли ќе го замени Маурицио Сканавино и ќе добие проширен мандат, покрај првиот тим, ќе биде одговорен и за маркетинг, трговија и пошироката стратегија на клубот. Со богата биографија што вклучува престои во Ливерпул и Тотнем, Комоли во последните месеци се спомнуваше и како можен избор за Милан, но „Старата дама“ беше побрза и поодлучна.
„Чест и привилегија е да бидам дел од клуб со толкава историја, идентитет и визија. Целата моја енергија и искуство ќе ги вложам во градење на резултати што ќе ја оправдаат страста на нашите навивачи“, изјави Комоли
Но, нема време за адаптација, Комоли веднаш ќе се соочи со првата важна задачата, а тоа е изборот на нов тренер. Игор Тудор ќе го предводи тимот на Светското клупско првенство, но неговата иднина по тоа натпреварување е сè уште неизвесна.
Фото: Toulouse FC/X