Официјално: Италијанскиот првак промовира големо засилување за одбраната!

by 24 фудбал
1 минути читање

Наполи официјално го претстави Сем Беукема како нов член на тимот, откако беше постигнат целосен договор со Болоња за сума од 30 милиони евра. Холандскиот стопер пристигнува како дел од планот за реконструкција на одбраната и се очекува да има значајна улога во наредните сезони.

Беукема има 26 години и изминатите три сезони настапуваше за Болоња, каде се наметна како стандарден првотимец и забележа вкупно 80 настапи во сите натпреварувања, вклучително и Лигата на шампиони.

Со Наполи потпиша долгорочен договор со важност до 2030 година, а годишно ќе заработува по три милиони евра. Клубот верува дека Беукема ќе биде стабилна алка во дефанзивната линија и ќе помогне во амбициите за одржување на шампионската форма.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×