165
Интер го купи аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез од Расинг за 23 милиони евра.
Тој стави потпис на петгодишен договор и веднаш ќе му се стави на располагање на Лучијано Спалети.
Како и Икарди, тој се најде на поширокиот список на аргентинската репрезентација но не и во тие 23 фудбалери кои отпатуваа во Русија.
Мартинез кој следниот месец ќе наполни 21 година, е центарфор кој игра со двете нози, а може да игра и како втор напаѓач.