136
Офанзивниот фудбалер од Сенегал минатото лето од Лацио се пресели во Монако, но многу брзо се враќа во Серија А.
„Напаѓачот Кеита Балде Диао е нов фудбалер на Интер. Сенегалецот потпиша за Интер од Монако едногодишна позајмица со опција за перманентен трансфер. Добредојде Кеита, се најдобро во оваа авантура со нероазурите“, стои во соопштението на Интер.