Официјално: Интер му врачи отказ на Пиоли

by
1 минути читање

Интер ќе бара нов тренер откако вечерва одлучи да се раздели од Стефано Пиоли поради очајната форма на тимот во последните натпревари.

„Тренерот Пиоли заедно со стручниот штаб е разрешен од својата позиција“ – стои во соопштението на Интер.

„Интер сака да му се заблагодари на Стефано за посветеноста и напорната работа за клубот во изминатите шест месеци“.

Тимот во последните три натпревари од сезоната ќе го води тренерот на младинскиот тим, Стефано Веки.

Интер информира дека уште од сега ќе започне да се подготвува за следната сезона. Според италијанските медиуми Антонио Конте, Диего Симеоне и Лучијано Спалети се на листата со желби на раководството на клубот.

Во Италија се шпекулира и дека Пиоли веќе нашол работа за идната сезона, ќе го превземе кормилото на Фиорентина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани