202
Болоња денеска и официјално го потврди ангажманот на Чиро Имобиле, 35-годишниот напаѓач се враќа по една сезона мината во турскиот клуб Бешикташ.
Легендата на Лацио и италијанскиот фудбал, Чиро Имобиле потпиша едногодишен договор со Болоња со можност за продолжување на уште една сезона.
Имобиле минатата сезона ја мина во Бешикташ за кој постигна 19 голови во сите натпреварувања.
Тој имаше двегодишен договор со турскиот клуб, но го раскинаа на взаемна согласност со цел тој да се врати во Серија А.
Болоња е петтиот клуб од Серија А за кој ќе игра Имобиле, претходно настапуваше за Јувентус, Џенова, Торино и Лацио.
Carichi insieme ❤️🔥🫂#WeAreOne pic.twitter.com/2LVXayIjES
— Bologna FC 1909 (@Bolognafc1909) July 10, 2025