Официјално: И Интер оди во изолација поради Ругани

by
1 минути читање

Денеска беше потврдено дека дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани има коронавирус. Тоа значи дека целиот тим на италијанскиот шампион ќе помине 14 дена во изолација.

Но во изолација оди и Интер поради тоа што во неделата имаше натпревар против Јувентус. Нероазурите го потврдија тоа.

„По потврдата на Јувентус дека нивниот фудбалер Даниеле Ругани е позитивно тестиран на КОВИД-19, ФК Интер сака да соопшти дека ги суспендира сите активности на клубот и почнува да ги превзема чекорите за да ги запази сите процедури кои се предвидени за ваков случај“, стои во соопштението на Интер.

Интер требаше утре да игра против Хетафе, но мечот е одложен откако шпанскиот тим одби да патува во Милано.

Поради изолацијата на Јувентус и Интер, УЕФА веќе треба сериозно да размисли за прекинување на Лигата на шампионите и Лига Европа. Се верува дека Серија А сигурно ќе биде прекината.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×