281
Роџерс Мато од денеска и официјално е член на Хартс, тој таму ќе биде на позајмица од Вардар до крајот на сезоната, а потоа ќе се активира неговиот перманентен договор со шкотскиот клуб кој беше потпишан претходно.
Хартс го потврди трансферот на Мато и соопшти детали од договорот без наведување на суми.
„Хартс со задоволство може да го потврди потпишувањето со Роџерс Мато во овој преоден рок. Офанзивниот фудбалер од Уганда доаѓа на позајмица од Вардар до крајот на сезоната. По крајот на сезоната, откако ќе истече неговиот договор со Вардар, ќе почне перманентниот тригодишен договор на Мато со Хартс“, стои во соопштението на шкотскиот тим.
𝗜𝗻𝘁𝗿𝗼𝗱𝘂𝗰𝗶𝗻𝗴…
— Heart of Midlothian FC (@JamTarts) January 29, 2026
🇺🇬 pic.twitter.com/vML4AcWtUk