Шведската фудбалска федерација денеска потврди дека англискиот стратег, Грем Потер ќе биде нов селектор на нивната репрезентација.
Шведска има ужасни резултати во квалификациите за Светското првенство, двапати загубија од Косово и имаат само еден освоен бод на четири натпревари. Тоа беше причината за тренерска смена.
Јон Дал Томасон доби отказ, а за нов селектор денеска и официјално е назначен Грем Потер.
Договорот е постигнат за до крајот на квалификациите и евентуалниот бараж кој би требало да го играат Швеѓаните преку Лигата на нации. Ако Шведска се квалификува на Светското пренство, договорот на Потер автоматски ќе биде продолжен и за Мундијалот.
„Многу сум почестен од ова назначување, но во исто време и неверојатно инспириран. Шведска има фантастични играчи кои настапуваат во најдобрите светски лиги секоја недела. Моја задача ќе биде да создадам услови тимот да игра на највисоко ниво и да ја одведеме Шведска на Светското првенство следното лето“, изјави Грем Потер.