Американските сопственици на Милан, Елиот Менаџмент решија да го назначат Иван Газидис за нов генерален извршен директор во клубот.
„Милан денеска може да соопшти дека Иван Газидис ја прифати понудата да му се приклучи на клубот како извршен директор. Г-дин Газидис официјално ќе почне со своите обврски на 1. декември“, стои во соопштението на Милан.
„Со назначувањето на Г-дин Газидиц како извршен директор, Милан во раководството носи фудбалски извршен директор од светска класа со голем спортски и комерцијален успех низ целиот свет“.
„Извршниот претседател на Милан, Пауло Скарони ќе му ги предаде должностите на Г-дин Газидис на 1. декември. Од таа дата тој формално ќе стане генерален извршен директор на Милан одговорен за секојдневно водење на клубот во фудбалските, бизнис и комерцијални операции“.
Газидис е возбуден поради новиот предизвик и верува дека ќе може да го врати Милан таму каде што припаѓа, на врвот.
„Многу сум возбуден што ќе го имам овој нов предизвик и ќе направам се што можам Милан да се врати на врвот“, вели Газидис.
„Благодарен сум на довербата која ја добив од претседателот Пауло Скарони, бордот на Милан и сопствениците“.