183
Голманот Жоан Гарсија со многу емоции се збогува со Еспањол, на ред е комплетирање на трансферот во големиот градски ривал Барселона.
24-годишниот Гарсија потекнува од младинскиот погон на Еспањол, по што бранеше и за вториот тим пред во 2021 година да биде промовиран во најдобриот.
По четири години поминати таму, се сели во најголемиот ривал на Еспањол, Барселона која наскоро ќе го објави неговиот потпис.
Гарсија денеска преку социјалните мрежи имаше емотивно збогување со Еспањол и фан базата на овој тим.