74
Фулам е зафатен во последниот ден од преодниот рок, по Курзава, клубот го претстави и Вилијан како ново засилување.
„Клубот со задоволство може да потврди дека потпиша едногодишен договор со Вилијан“, стои во соопштението на Фулам.
Тој доаѓа како слободен играч откако го раскина договорот со Коринтијанс.
Фулам ќе биде трет клуб од Англија за Вилијан, и трет од Лондон, претходно играше за Челси и Арсенал.
Olá, Willian! #WillcomeToSW6 | #FFC pic.twitter.com/723o1GwOAe
— Fulham Football Club (@FulhamFC) September 1, 2022