60
Холандската фудбалска легенда во Кристал Палас доаѓа на местото од Сем Алардајс кој го замина клубот откако му обезбеди опстанок.
„Целта е да бидеме солидни во Премиерлигата, а не да стравуваме за опстанок. Тоа е нашата основна цел, а доколку направиме нешто повеќе, ќе биде убаво“ – изјави Де Бур.
Де Бур од 2010 до 2016 беше тренер на Ајакс со кој го освои холандското првенство четири пати по ред, а потоа имаше неславна авантура во Интер која траеше само 85 дена.