Официјално: ФИФА воведе четири нови правила, ќе се користат на Мундијалот ова лето!

by Стефан
1 минути читање

Светското првенство во САД, Канада и Мексико ова лето е се поблиску, а ФИФА на овој Мундија и официјално ќе воведе четири нови правила.

Имено, од Светската фудбалска федерација потврдија дека направени се измени со цел играта да добие поголема динамика и да се скрати колку што е можно повеќе „крадењето“ време. Но, исто така сега ќе може да се користи ВАР и за прегледување на втор жолт картон, како и корнер ако грешката на судиите на теренот била очигледна.

Новите правила кои ќе бидат воведени се:

– Заменетите играчи мора да излезат од теренот во рок од десет секунди, во спротивно замената ќе мора да чека една минута пред да влезе во игра.

– Аутите мора да се изведат во рок од пет5 секунди, ако се надмине тоа време, топката ќе им припадне на противниците.

– Играчите кои добиваат лекарска помош мора да го напуштат теренот и да почекаат една минута пред да се вратат во игра.

– ВАР сега може да проверува и втори жолти картони и одлуки за корнер доколку има „јасна и очигледна грешка“.

Мундијалот летово е прв кој ќе се игра во три држави, почнува на 11 јуни, а ќе се игра до 19 јули.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×