Официјално: ФИФА го одложи мечот меѓу Шкотска и Украина

by
1 минути читање

Поради војната која се случува на нивна територија, Украина побара од ФИФА одложување на нивниот меч против Шкотска, Светската фудбалска федерација тоа го прифати.

Се уште нема датум кога ќе се одигра натпреварот, но се претпоставува дека тоа ќе биде во јуни за време на терминот за репрезентации.

Мечот меѓу Велс и Австрија ќе се игра во предвидениот термин, на 24 март, но финалето од оваа бараж група ќе биде во јуни откако ќе се одигра дуелот меѓу Шкотска и Украина.

Светското првенство во Катар почнува на 21 ноември и ќе трае до 18 декември.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани