233
Милан го потврди трансферот на Первис Еступињан кој на Сан Сиро доаѓа од Брајтон, тој треба да биде замената за Тео Ернандез кој го напушти клубот.
Росонерите се подновија на левата бековска позиција, Еступињан е прв Еквадорец кој ќе настапува за Милан.
„Милан со задоволство може да соопшти дека Первис Еступињан му се приклучи на клубот на пермаментна основа. Еквадорскиот фудбалер потпиша договор со Росонерите до 30 јуни 2030 година“, стои во соопштението на италијанскиот клуб.
Еступињан во Милан ќе го носи дресот со број 2.