1,2K
Баерн Минхен и официјално потврди дека по крајот на сезоната ќе се раздели со Ерик Дајер, тој кариерата ќе ја продолжи во Монако.
Баварците преку социјалните мрежи објавија дека Дајер заминува, а тоа го потврди и директорот на клубот, Фреунд.
„Ерик ни кажа дека не сака да го продолжи договорот со нас и сака да замине. Имавме добри разговори со неговите агенти. Но, ја почитуваме неговата одлука“, рече директорот на Баварците.
Следниот клуб на Дајер ќе биде Монако.