Официјално: Ељиф Елмас е нов фудбалер на Торино!

by 24 фудбал
1 минути читање

Ељиф Елмас го комплетира трансферот во Торино од редовите на РБ Лајпциг.

Македонскиот репрезентативец не беше стандарден во редовите на германскиот клуб, па си пронајде ново решение во кариерата. Елмас се врати во калчото каде што претходно настапуваше за Наполи. Сега тој ќе игра за „биковите“ од Торино.

Трансферот е позајмица до крајот на сезоната, а доколку Торино биде задоволен од прикажаното на Елмас има право да го откупи неговиот договор за 17 милиони евра.

Тој во минатото освен за Наполи и Лајпциг настапуваше за Фенербахче и Работнички.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани