65
Легендарниот клуб од Бирмингем го потврди Џон Тери како ново засилување.
„Астон Вила со задоволство може да потврди дека потпиша договор со Џон Тери на една година“ – се вели во клупското соопштение.
Џон Тери е среќен што се сели во Астон Вила и ќе продолжи да игра фудбал.
„Среќен сум што доаѓам во Астон Вила. Тоа е клуб кој со години го ценам, имаат фантастични услови во Бадимур Хит, Вила Парк е еден од најдобрите стадиони во земјата, има одлична група на фудбалери тука, со искусниот и успешен тренер, Стив Брус“ – вели Џон Тери.
„Не можам да дочекам да почнам и сакам да му помогнамна тимот да ги оствари целите во престојната сезона“.