Официјално: Џек Грилиш на позајмица со право на откуп во Евертон!

by 24 фудбал
0 минути читање

Џек Грилиш од денес е нов фудбалер на Евертон, потврдија официјално двата клуба.

Англискиот репрезентативец пристигнува на „Гудисон Парк“ во Евертон како позајмен играч од Манчестер Сити, а договорот содржи и клаузула за целосен откуп во висина од 50 милиони фунти.

Разговарав со Вејн Руни пред да дојдам и му спомнав за бројот 18, па се надевам дека и тој е задоволен“, изјави Грилиш по промоцијата во новиот клуб.

Евертон со овој трансфер добива огромно засилување во офанзивата, додека Грилиш ќе има шанса да добие поголема минутажа отколку во Манчестер Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×