1,4K
Раководството на Фудбалската федерација на Бразил ги потврди најавите и го отпушти селекторот Доривал Жуниор.
Отказот за Доривал доаѓа по дебаклот од 4-1 против Аргентина во квалификациите за Светското првенство.
„Фудбалската федерација на Бразил може да потврди дека Доривал Жуниор повеќе нема да биде селектор на репрезентацијата. Му се заблагодаруваме за неговата професионалност и му посакуваме успех во понатамошната кариера“, стои во соопштението од федерацијата.
Засега не е познато кој ќе го наследи на селекторот столче на „Кариоките“. Најголема желба на федерацијата е Карло Анчелоти, но сепак италијанецот ќе биде тешка мисија.