61
Младиот голман сепак останува во Милан, клубот преку официјалниот сајт потврди дека Донарума ја продолжува соработката со „росонерите“.
„Милан информира дека го продолжи договорот со Џанлуиџи Донарума до 30. јуни 2021 година“ – стои во соопштението на клубот.
Според италијанските медиуми, Донарума со новиот договор ќе заработува шест милиони евра по сезона.
Се верува дека во договорот има и две откупни клаузули, едната е од 70 до 100 милиони евра, а другата е 50 милиони евра доколку Милан не обезбеди место во Лигата на шампионите.
Како дел од договорот е и враќањето во Милан на братот на Џиџо, Антонио Донарума кој ќе биде резервен голман и ќе има годишна плата од милион евра.