509
Фабио Канаваро и официјално стана тренер на Динамо Загреб откако денес го потпиша договорот на „Максимир“.
Поранешниот освојувач на „Златната топка“ од 2006 година пристигна добро расположен и позираше пред клупскиот фотограф, а го даде и првото интервју за клупскиот сајт.
Тимот на Ристовски и Адеми вториот дел од сезоната го отвора на 22 јануари со натпреварот против Арсенал во Лондон.
Канаваро во Загреб ќе работи со Франческо Троисе и кондициониот тренер Аугенио Албарел, како и со своите соработници од претходните клубови.